Како да ги препознаеш на плажа?
Италијани - Како нив да ги препознаваш? Повеќето се најгласни, најтемни и со најголема количина на злато на нив. Секогаш облеката им е во најнов моден тренд, па дури и оние најсмелите. Без обзир на степенот на ќелавост или телесната форма (одлично ги поднесуваат годините) изузетно се самоуверени, дури и оние кои имаат евидентен вишок на стомакот ништо нема да ги спречи удобно да се чуствуваат во „тарзан“ купаќи гаќи со тигрест дезен.На плажа обавезно носат: сите врсти на помада (за пред и после сончање, со висок заштитен фактор посебно за лице, со алое вера за кул осеќај...) и клучови од ауто, макар плажата да им е веднаш под хотелот.
Фрази на одушевување: Che bella! Tu sei bellissima! Главно звучат како во филмовите - патетично!
Тајна на успехот: упорност и уверливост. Но тоа што деноноќно плачат за вас воопшто не мора да значи дека се на одмор сами. Напротив! Многу веројатно, малку понатаму во сенка, нивната поубава половина го успива (нивното) дете.
Како да се одбраните? Во првите моменти кажете дека воопшто не користите никаква препаративна козметика, дека немате поим дека Shisseido има нова револуционерна крема против целулит, дека не сакате накит, дека сте вечно во фармерки, дека никогаш не сте биле на маникир и дека немате нерви да седите на фризер и дека ве шиша соседот!
Германци - Како да препознаеш? Поцрвенуваат како ракови и никогаш не ја ставаат главата во ладовина. Освен тоа што имаат светла коса и проблематична кожа, обично одат во групи. Имаат катастрофален вкус за облекување, па во костим за капење, без обзир на телесната градба, веројатно изгледаат 20 пати подобро отколку навечер комплетно облечени. На нозете имаат пластичи сандали или сосема затворени чевли.На плажа обавезно носат: чадор и мини фрижидер.
Тајна на успехот: Не постои! Нивнот успех кај жените обично се води на оние случаеви кога тие се нашле во улогата на мета.
Како да се одбраните? Ако ве повика на пијалок, речете му дека сте го заборавиле новчаникот. Но ако се понуди да ве части, тогаш речете дека подобро би било да јадете во раскошниот ресторан покрај плажата. Потоа кажете му дека е баш добро што сте се сретнале, затоа што вие планирате да работите во Германија, па дали може да ви среди некоја работа или барем да ви понуди привремен смештај кај него. Ќе исчезне пред да успеете да речете: Auf viedersehen!
Далматинци - Како да ги препознаете? Наочари за сонце носат дури и навечер.На плажа обавезно носат: его! И топка. И не излагаат од вода!
Увежбани фрази: Ca je lipa/smisna ova mala
Тајна на успехот: cool став. Поглед скриен во наочарите и вперен во далината го прават cool, на изглед незаинтересиран фраер. А од другата страна на стаклото - Matrix: погледот се врти од еден на друг објект, грозничаво праќајќи му на мозокот впечатоци кои исто така со голема брзина се собираат, финализираат и обработуваат. Кој уште може да се осмели да рече дека далматинците се мрзливи.
Како да се одбраните? Најмногу ги привлекува упорно одбивање, затоа ако сакате да ги откачите - однесувајте се спротивно. Одма речете му дека верувате во љубов на прв поглед и занесено кажете му дека тој е човекот кој сте го чекале цел живот. Уште утре запознајте го со вашиот татко и за некој месец можете да се верите.
Чеси - Како да ги препознаеш?На плажа обавезно носат: мини фрижидер (за разлика од Германците кои внатре држат фина храна и пијалоци, овие ги имаат сите врсти ефтини паштети), гумени сандали, маска за њуркање (за во плитко).Фрази на одушевувања: Co to je? Тоа воглавном се однесува на вашето јадење во кое одушевено ќе гледаат и ќе сакаат да нарачаат исто како и вие. На плажа едвај ќе кажат збор-два на англиски и ќе се обиде да ви даде до знаење дека можете и без многу зборови да го разберете.
Тајна на успехот: срамежливост. Многу жени се со изразен заштитнички порив, а ако некој е способен да ги предизвика тогаш во тоа подрачје Чесите се прваци.
Како да се одбраните? Многу едноставно, со студен поглед. Веднаш ќе побегнат. Не се нападни, многу се добродушни и тоа им е голема позитивна страна. А и ќе ги зачува од разни непријатности!
Словенци - Како да ги препознаеш? Тотално се загреани за сите врсти спортови, па се full спортски опремени и секогаш се во движење. Тешко можете да ги најдете како се излежаваат на плажа. Ако немаат наочари, по исунчаното лице можете да ги најдете турбоспортските наочари Okley. Обавезно доаѓаат со аута со живи бои, а кога ќе почнат да ја вадат спортската опрема, нивниот лимен љубимец ќе ви се чини како Sport Billy торба.На плажа обавезно носат: под една рака даска за сурфање, а под другата скии за скијање на вода.
Фрази на одушевување: Uh, kaksana bejba!
Како да се одбраните? Обично нема да сакате да се откачите од нив, а многу е вообичаено и да немате ни прилика за тоа. Тие толку се незаинтересирани и самоуверени (поголем број глумат) па ако ви се допаѓаат морате тоа и да им го нацртате. Во боја! Но ако налетате на типови кои ќе ви досаѓаат дојдете нашминкани на плажа и прашајте ги дали можете да сурфате во сукња. Искрено кажете им дека сте антиталент за спорт, дека не сте баш друштвени и дека омилено хоби ви е масажа во козметички салон и вечера со свеќи.
Босанци - Како да ги препознаеш? Поприлично се бучни, весели и додека разговараат на мобилен, обавезно се чешаат по задникот. Со раката во панталоните! Тоа им е заштитен знак, генетски пренесен, па затоа кога ќе го видите со "лабело" - не можете да промашите, барем еден од родителите му е од Босна.На плажа обавезно носат: два мобилни и - насмевка. Дури и ако се само двајца имате чувство дека е плажата полна! Ви се причини ли дека сте надвор од нивниот видокруг проверете уште еднаш - под вашата крпа!
Фрази на одушевување: Halo macak, sto ti je to naraslo? Halo dobra! Mala nosi bedz da ti se zna prednja strana! Има уште... Тука се дефинитивно најспособни!
Тајна на успехот: искрен детски шарм. Нема шанси грубо да откачите! Толку се шармантни да во најдобра рака тешко ќе ја спрегнете.
Како да се одбраните? Само запознајте ги со вашата згодна пријателка.
